ЛЕГЕНДА ЗА ПРОКОЛНАТИОТ ГРАД
Постои една легенда која вели дека градот Кратово е проколнат град. Според легендата тоа се случило уште во турско време. Градот го проколнал некој си Епископ кој се викал Атанас. Приказната е многу интересна и пренесувана од колено на колено. Нам ни ја раскажа Стевче Доневски од Кратово. Во црквата "Свети Јован" во Кратово постои една фреска на која градски свештеник и Епископот се преставени со чалма на главата. На оваа фреска всушност се преtставени главните актери на оваа приказна, која што почнува вака. Тамошниот Владика бил во љубовна врска со една анaма.
-Градскиот поп тоа не можел да го трпи па решил да го накодоши. Отишол кај еден шивач и побарал од него да сошие шалвари. Утредента го посетил кадијата и му раскажал за љубовната врска на Владиката. Ако не верувал можел да провери во црквата. Во еден ќош на црквата можел да ги најде шалварите на избеганата анaма. Kадијата поверувал и дал наредба, епископот да биде погубен. На денот на погубувањето епископот фрлил десет клетви врз градот – Во градот никогаш повеќе да нема епископија, да живеат грешници и неверници, колку куќи да се разрушат, само толку да се изградат, ништо повеќе . . – раскажува Стевче Доневски од Општинскиот центар за карпеста уметност во Кратово.
Фреската која што постои до ден денешен, ја насликал Димитар Андонов-Папрадишки. Необично, но оваа икона но и местото на погубувањето на Владиката го почитуваат и Ромите од овој град.
-Месното население од Кратово од Ромска националност, на Ѓурѓовден го слават денот на местото наречен „баба“што на турски значи татко. Инаку на местото каде што е погубен Епископот почнале да течат солзи во земјата и од местото потекло вода. Меѓу народот тој кладенец е познат како ,,Турски кладенец,,.
Но сигурно се прашувате, колку од клетвите на Епископот се оствариле.Според Стевче Доневски, речиси сите.
-Точно е дека во Кратово сега не постои Митрополија. Може да се забележи дека нови куќи и нови градби нема. Точно е дека има неверници и непочитување на Црквата и Бога. Точно и тоа дека има фреска на тремот од Црквата и е прекрасна.
Приказната за Кратово како проколнат град се повеќе привлекува внимание. Тука се и сите оние познати културно-историски споменици кои што го красат овој град изграден врз изгаснат вулкан. Општинскиот центар за карпеста уметност е на располагање да ја задоволи секоја љубопитност.