раскажува - Стевче Доневски
Легендата за трговецот од Шлегово ми ја раскажа Јордан Арсов од село Кетеново. Такој сам чул, такој ти кажују, ако сам л’жа купил, л’жа ти продавам, така нашите стари ни кажувале за шлеговските трговци.
Во Шлегово порано живеел некој голем трговец со жива стока по име Аритон. Тој секој октомври откупувал многу добиток и го носел на долг пат до Скопје и Прилеп, каде го продавал. Така еднаш ја потерал стоката, и стигнал до реката Пчиња. Бидејќи многу врнело, реката била надојдена и тешка за минување. Аритон трговецот се прекрстил и се помолил на Господ, и рекол на глас дека ако ја помине реката, ќе запали свеќа голема како тополата отспротива.
Некој селанец што бил засолнет под некое дрво, го слушнал и подбивно му рекол дека нема толку голема свеќа. На тоа, Аритон шеретски одговорил: Ти да ќутеш, ја тебе не сам те прашал!