„Лесновските ѕвона“ по седми пат ѕвонат. Големите бардови на македонската поезија викендов беа во Кратово во чест на големиот мајстор на сонетот, кратовчанецот Чедо Јакимовски. Инспирирани од поезијата на својот прерано починат колега, Ренџов, Клетников, Чаловски и многу други писатели му оддадоа почит во родното Кратово.
-Тој е автор кој напиша само три книги, но тие книги се чисто злато, една перфекција од поезија. „Лесновските ѕвона“ е една од најубавите негови песни и според неа е наречена манифестацијата. Добро е што Кратово се сети да му оддава почит , еден таков вид на омаж на овој поет и мислам дека таа манифестација треба да се збогатува, да се возвеличува – истакна поетот Ефтим Клетников.
Во рамките на манифестацијата беше отворена ликовната изложба „Вевчански видувања“. Претседателот на Советот на манифестацијата, Живко Кондев, постхумно им додели повелби за особен придонес на академикот Гане Тодоровски и Љубен Ташковски.
Оливер Арсовски