Во четврток во 20 часот, детска театарска претстава пред Музејот
Во 21 општина во Македонија ќе има културни содржини во рамки на четвртата манифестација „Топол културен бран“ што ја организира Министерството за култура. Првата етапа е од денеска до крајот на месецов, а втората од 20-ти до 31 август. Во рамките на овој проект е вклучена и нашата општина, а првиот настан е во четврток (21 јули 2011). Во 20 часот, пред Домот на културата малите дечиња ќе се радуваат на детската театарска претстава „Ети ја спасува Тера“.
Манифестацијата ќе почне истовремено во осум општини. Ќе има гостувања на театри, многу концерти, изложби, настап на културно-уметнички друштва, а сите изведби ќе бидат бесплатни за посетителите.Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција рече дека и годинава програмата била внимателно избрана и дека е динамична, атрактивна и квалитетна.
- Целта на дисперзирањето на културата е таа да биде достапна за сите граѓани во Македонија, да го поттикне развојот на локалните самоуправи и да ги развива контактите на општините и националните институции од областа на културата, рече Канческа-Милевска. Подвлече дека масовната посетеност на настаните лани го потврдуваат заклучокот дека манифестацијата ја постигнува целта - да анимира што повеќе луѓе во летните месеци и да го збогати нивното секојдневие.