gogo

A+ R A-


Лиде и Наташа - млади креативни девојки од Кратово кои почнале микробизнис

altПримерите на младите кратовки Лиде Стојановска и Наташа Јакимовска говорат дека кога ќе се поврзат креативноста, идејата и трудот, тогаш мозаикот е склопен и води кон успех. Двете девојки, првата дипломиран професор по англиски јазик, а втората професор по филозофија, започнаа свој бизнис преку Проектот за воспоставување на бизниси во мултиетнички средини. Лиде работи на промовирање на својата етно-сувенирница и галерија „Кратискара“, додека Наташа изработува модни додатоци и ги продава онлајн преку модниот бренд „Фабрика 13“.Фабрика 13: минималистичкиот моден дизајн на Наташа Јакимовска

Стојановска беше дел од повеќемина млади бизнисмени кои учествуваа на Саемот на микробизниси од рурални средини во полошкиот и североисточниот регион, како завршна манифестација на двегодишниот проект поддржан од британската амбасада спроведен од „Консалтинг за стратешки развој“.

Уникатни сувенири од керамика, мозаици и слики на платно, сите со мотивите од архитектурата и историјата на еден од најстарите градови на Балканот, Кратово, докажуваат дека младите се храбри и сакаат креативни бизниси. Стојановска вели дека ракотворбите ги изработува заедно со својата сестра и татко. Убедена е дека ќе предизвикаат огромен интерес кај туристите во Кратово.

И11057941_962806933758218_2151966600430203239_nзработката на ранци, ташнички, футроли за телефон и очила за Наташа Јакимовска од Кратово, пред една година од хоби прераснало во бизнис. Ги изработува од текстил и други материјали со рачно направени цртежи во различни теми. Вели дека веќе некое време е регистриран занаетчија, а преку својот онлајн дуќан „Фабрика 13“, своите креации ги продава на социјалните мрежи, а понекогаш и во соработка со бутици.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.