Утре вечер, на 11 декември 2015 г., Интернационалниотфилмски фестивал „Македокс“ во соработка со Младински Образовен Форум од Скопје, ќе ја реализира последната проекција на уметнички дикументиарни филмови во Кратово.
Филмската проекција е бесплатна и отворена за секој вљубеник во креативните филмови и истата ќе се одржи во просториите на здружението „Регионаленцентар за одржлив развој“ – Кратово (над пицерија „Кула“) со почеток од 20ч.
Циклусот, кој во Кратово започна во март годинава, до сега реализира вкупно 6 бесплатни проекции на едукативни документарци наменети за младите луѓе во 12 градови во земјава:Гевгелија, Неготино, Велес, Струга, Ресен, Битола, Кратово, Кичево, Дебар, Тетово, Скопје и Куманово. Â
Проектот е подржан од National Endowment for Democracy - Вашингтон, САД и истиот има за цел да се подигне свесноста за човековите права со посредство на креативната документаристика.