gogo

A+ R A-


Македонија се сеќава на Тоше!!!

alt
 

За нашиот Тоше сите потврдија дека е вон временски и како човек и како уметник. Големата Џана Нанини со која во дует ја отпеа песната „арија“, рече дека Павароти можел да му позавиди на гласот.

Негова прва љубов беше оперското пеење. Остануваа занемени вчудовидени сите кога ќе го слушнеа како пее некоја позната арија.

Тоше беше ѕвезда во Македонија, на Балканот, во Европа. Точно пред 5 години одржа спектакуларен концерт во белградска Арена и успеа по Здравко Чолиќ и Бајага да ја наполни салата до последното место. Само тој можеше со два збора да ги расплаче сите, од среќа, од љубов. Еден и единствен. Тоше. Момчето родено во снежно Крушево, блесна со својот глас, појава и скромност. Стана ѕвезда, зошто бил предодреден да биде на врвот. Денеска ќе наполнеше 31 година. Почивај во мир!!!

Автор на уметничкото дело е сликарот Стојанче Андонов - Дито
 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.