Во рамките на проектот “Подобрување на туристичката инфраструктура на општина Бобошево и Кратово“, финансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за транс-гранична соработка Бугарија-Македонија, на ден 18 и 19.05.2012 година во организација на општина Бобошево и здружението “Извор“ од Кратово, се одржа работилница и посета на градот Кратово од страна на 25 луѓе од соседна Бугарија. На работната средба учествуваа проектните тимови од општина Бобошебо и здружението “Извор“ од Кратово застапувано од нашиот сограѓанин Милош Димитровски - Мими, како и претставници од други градови од Североисточниот регион во Македонија и претставници на општините Ќустендил, Бобошево, Благоевград, Слатино и други погранични места во Република Бугарија. Гостите од Р.Бугарија имаа можност да се запознаат со културно-историските знаменитости на градот Кратово, како и локалитетот “Камени кукли“ во Куклица кој е дел од активностите на проектот за негово инфраструктурно уредување. Заедничка цел на оваа меѓугранична средба со Република Бугарија е да се зголеми туристичката атрактивност на регионот преку промоција и развој на руралниот и другите видови на алтернативен туризам.
Македонско-бугарска соработка за развој на туризмот во Кратово
Најново

![]() | Денеска | 1015 |
![]() | Вчера | 3231 |
![]() | Оваа недела | 24000 |
![]() | Минатата недела | 23846 |
![]() | Овој месец | 73482 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22569574 |
















Коментари
0 vlatko 2012-05-29 19:11 #1
RSS feed for comments to this post