gogo

A+ R A-


Мал Божиќен концерт во четврток во киното во Кратово

МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ „ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“ - 05.01.2017 година 13.00 часот

Мултимедијален центар (Кино сала) – Кратово

Влезот е слободен

https://cdn1-bitmedia1.netdna-ssl.com/wp-content/uploads/2015/01/bozic-obicaji-1389007167-422985.jpgВеќе петта година по ред, во организација на општина Кратово и Музејот на град Кратово, традиционално се одржува  Мал Божиќен Концерт „Химни на Рождество Христово“.

И оваа година овој духовно – културен настан ќе понуди богата програма составена од песнопенија посветени на големиот православен христијански празник во изведба на црковниот хор „Свети Ѓорѓи Кратовски“.

На концертот исто така учество ќе земат и децата од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово.

Концертот ќе има хуманитарен карактер, сите донирани средства ќе бидат наменети за нашиот сограѓанин Давид Стојановски кому што нашата помош и подршка сега му е најпотребна!

Дојдете заедно да ги припремиме срцата за големиот празник на Рождество Христово преку милосрдие и љубов! 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.