„Манифестот на Македониумот“ досега потпишан од 65.000 граѓани и 170 организации, и кратовци со масовна поддршка
Граѓаните на Кратово изразија масовна поддршка на иницијативата за заштита и промоција на македонскиот идентитет Манифест на Македониумот. а оние кои сеуште не го сториле тоа можат тоа да го сторат во просториите на домот на културата. Од денеска подршката може да се изрази и преку интернет, на социјалната мрежа „Фејсбук“ на групата Манифест на Македониумот.
Со таа можност Организацискиот одбор на Манифестот на Македониумот очекува дополнително проширување на опфатот на поддршката. До вчера таа достигна потписи од над 65.000 граѓани од сите националности, од секоја возрасна група и од сите градови на Македонија и од над 170 организации и здруженија.
По завршување на акцијата за поддршка, која трае до петок, ќе следат активности за запознавање на претставниците на европските институции во Македонија и во Брисел, со ставовите на Организацискиот одбор и на македонските граѓани.
Манифестот за сопирање на негирањето на македонскиот јазик во јавноста го претставија пред една недела група македонски спортисти и уметници, како реакција на изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.
Во иницијативниот одбор на Манифестот на Македониумот се Марин Докузовски, Индира Кастратовиќ, Венко Андоновски, Калиопи Букле, Симон Трпчески, Есма Реџепова, Дарко Митревски, Борис Трајанов и Гоце Смилевски.