Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, проект на УСАИД во Македонија, вчера петнаесттина професори и педесеттина ученици од СОУ „Митко Пенџуклиски“ беа во посета на партнер-училиштето “Исмет Јашари” во Општина Липково.
Ученици од двете училишта учествуваа на пријателски спортски напревар во мал фудбал и ракомет, одржаа историски час за Скендербег, презентираа бизнис планови, засадија зимзелени дрвја, презентираа кулинарски специјалитети и изведоа редица други активности. Преку овој проект учениците од различни етнички заедници се дружеа, запознаваа и забавуваа. Целта на оваа активност е преку спортските фер-плеј игри да се дојде до знаење дека сите сме исти, без разлика кој која националност или вера припаѓаме.
Со овие активност ќе им се овозможи на учениците креативно да се изразат, преку забава, дружење да се запознаат со другите култури на кои не припаѓаат, да научат дека можат да се дружат без разлика кој на кој етникум припаѓа. Различностите не треба да бидат пречка за дружба, јазикот не треба да претставува бариера за заедничка работа. Од перформансот ќе се согледа дека конфликтни ситуации можат да се случат во секој простор и во секое време. Ќе се осознае дека причина за конфликти, насилство, говор на омраза не секогаш се верски, религиски или полови разлики. Само со социјализација, културализација и емпатија едни кон други во просторот, кој ни припаѓа на сите подеднакво, можеме да ги превенираме ескалациите на говор на омраза, конфликти, недоразбирања.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153618376109323.1073741849.130555074322&;type=3