Променливите температурни разлики ги загрижуваат сите - здравите, болните, возрасните, па дури и помладите се соочуваат со здравствени проблеми. Главоболки, вртоглавици, мускулни болки, нагли промени во притисокот и недостиг на енергија - се само некои од проблемите со кои се справуваат жителите на Кратово. Наглото зголемување или наглиот пад на температурите во текот на едно деноноќие ги принудуваат граѓаните од шорцеви и тенки маички само за неколку часа да се облечат во зимските јакни.
Проблеми имаме и ние учениците, бидејќи утринските температури се ниски и мораме убаво да се облечеме, додека пак по завршувањето на часовите често се случува температурите да пораснат, па затоа веднаш ги бараме маичките со кратки ракави. Исто така, се случува и да заврне, иако пред тоа сонцето силно ударало во училишните прозорци. Половина од учениците се без чадори па така со другарчето од маало одиме заедно под еден чадор и стигнуваме дома полумокри. Овие нагли промени најтешко ги поднесуваат хронично заболените, додека пак астматичарите најчесто имаат проблеми пред да заврне.
Искрено се надеваме дека сонцето ќе престане да се шегува на наша сметка. Ќе ги надминеме овие временски разлики и ќе уживаме во убавините на годишното време. Да се облекуваме потопло и секогаш да има насмевки на нашите лица.
автор на текстот Мила Михајлова,
член на новинарската секција во ООУ „Кочо Рацин“- Кратово
Ментор: проф. Лидија Ташева