Новинарскиот видео-прилог за опасностите по човечкото здравје од дивата депонија во кратовското село Железница ќе конкурира за најдобра видео-сторија на средношколскиот натпревар поддржан од компанијата Вригли, Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ), а спроведен од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО и МОН. Овој натпревар е дел од активностите на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Во изработката на видео-сторијата учествуваа седум ученици од новинарската секција во училиштето, кои со велосипеди ја посетија депонијата и на лице место го снимија прилогот.