gogo

A+ R A-


Младите од Кратово го учеа грнчарскиот занает

altВо просториите на културниот дом „Лазар Софијанов“ во Кратово, на 27.11.2014г. (четврток) имаше исклучителен настан од областа на еден стар занает - грнчарството. Овој занает го оживеа долгогодишниот грнчар Ѓорѓи Пенев од Неготино. Раскажуваше за неговиот грнчарски живот и ни раскажа малку повеќе за овој занает. Иако зборуваше дека нема заинтересирани за оваа тема меѓу младите, сепак можеше да се забележи присуство на поголем број ученици кои со возбуда го следеа овој настан.
-Во минатото да се биде грнчар било многу тешка и напорна работа со која почесто сиромашните се бавеле. Во најраните почетоци не се обрнувало големо внимание и лесно можеле да се забележат отпечатоци од прсти, но подоцна се досетиле да ги печат за да постигнат поголема цврстина и отпорност. Со текот на времето почнало да се обрнува внимание и грнчарските садови биле изработувани на многу прецизен начин со цел да дојде до убаво обликување на садовите, дури и ги украсувале. Тие биле изработувани од глина со кои самите грнчари се снабдувале и со посебна направа. Направата најпрвин била изработена од дрво со две железни плочи поврзани со вертикално дрво. Горната плоча служела за обликување на глината односно правење на садовите, додека долната плоча била придвижувана со едната нога туркајки ја, а со тоа таа се вртела. Бидејќи ова претставувало многу напорно за придвижување на долната плоча подоцна сето ова било заменето со користење на струја – раскажа грнчарот Пенев.
Главно, сите предмети што се изработуваат најпрвин се во функција на човекот, па подоцна се започнува со изработка на предмети што го носат поимот украс. Меѓутоа, и обичните предмети денес егзистираат како украси во нашите домови. Другата предност на овие предмети од глина е тоа што слободно може да се изложат на оган без да се уништат. Бардачињата биле создавани за водата да ја одржуваат ладна и свежа.
Од овој настан сите присутни научивме повеќе за овој занает кој веќе е во изумирање. Изгледа премногу интересен и лесен, но од мајсторот Пенев дознавме дека за да се стане добар мајстор- грнчар потребно е околу пет години. Како и да е, ова беше едно врвно интересно и големо искуство, особено за нас учениците.

Жаклина Георгиевска и Магдалена Димитријевска.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.