gogo

A+ R A-


МОН пресече, остануваат и државната матура и екстерното тестирање

Министерството за образование соопштува дека се враќа стариот модел на полагање државна матура, тестовите се полагаат само писмено, а математиката ќе биде алтернативна за сите.

http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/NewsInstant/small/20032012144029_mon.jpgДржавна матура ќе се полага и оваа учебна година, а останува и екстерното тестирање. Од Министерството за образование информираат дека од денеска ќе започне пријавувањето на матурантите за полагање на државната матура по стариот модел, додека во однос на екстерното тестирање, согласно со досегашната практика, во следните денови ќе биде објавен и јавниот базен со прашања по сите предмети за оваа учебна година.

„Во изминатиот период Владата реализираше интензивни контакти и средби со дел од засегнатите групи во рамки на споменатите процеси и реформи, а во врска со извесни посочени предизвици при нивната имплементација. Почитувајќи ги нивните најдобри интереси, беа донесени неколку конструктивни, суштински одлуки. Односно, беше одлучено и понатаму да продолжи примената на досегашната концепција за државна матура и завршен испит, да се врати стариот модел на полагање државна матура, полагањето на тестовите да се врши единствено во писмена форма и предметот математика да биде алтернативен за сите ученици“, се вели во соопштението од Министерството за образование.

Од таму потенцираат дека со тоа се исполнети реалните и издржани барања претставени на средбите и апелираат до учениците кои ја бојкотираат наставата, како што велат, да не наседнуваат на манипулации и да се вратат во училишните клупи за да продолжат со училишните обврски. Неоправданото отсуство од настава го загрозуваат образовниот процес, а матурантите, пак, кои ги бојкотираат наставата и полагањето на државната матура го доведуваат во прашање уписот на факултет. А одговорноста за тоа, констатираат од МОН, е подеднакво голема како за менаџментот на училиштата, така и за наставниците, но пред се', за родителите.

„Апелираме и до сите други општествени чинители кои во средношколците гледаат инструмент за остварување лични агенди, наместо манипулација, злоупотреба и поддршка на бојкотот, да придонесат кон заложбите за градење на поквалитетен образовен систем на сите нивоа“, се вели во соопштението на Министерството

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.