Промоција на Кратово на скопскиот плоштад
пишува - Оливер Арсовски
Со промоцијата на североисточниот плански регион во кои спаѓаат општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Липково и Куманово, денеска на плоштадот Македонија (на локацијата каде што во зимскиот период беше лоцирано лизгалиштето) продолжуваат промотивните денови на регионите што ЗЕЛС ги реализира под мотото Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина". Во периодот од 12 до 17 часот граѓаните ќе имаат можност непосредно да се информираат за активностите, плановите и инвестициските можности што ги нуди регионот и општините во него, да уживаат во традиционалните занаетчиски предмети, вкусната храна и истовремено да се забавуваат со богатата културно -уметничка програма. На поставените штандови на плоштадот Центарот за развој на североисточниот плански регион и општините ќе ги претстават економските, туристичките, природните и културни потенцијали на регонот, изложувајќи разновидни брошури и туристички информатори. Дел од својот промотивен материјал и производи ќе претстават и одредени стопански субјекти од овој крај.