Министерството за труд и социјална политика предложи спроведување на акција НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО во соработка со центрите за социјална работа на Република Македонија.
Во проектот е планирано да се вклучат и Агенцијата за вработување на Р.М. со своите центри низ Република Македонија, Заводот за социјални дејности и општините во Република Македонија.
Целта на оваа акција е подигнување на бројот на згрижувачките семејства со особен приоритет на тоа дека секое дете треба да ги ужива сите права согласно пропишаните мегународни конвенции и постоечката законска регулатива.
Граганите на Република Македонија по претходно информирање ке можат да се јават на кол центарот 15 505 или во Центарот за социјална работа да изразат заентересираност за условите кои треба да ги исполнуваат како згрижувачко семејство и бенефициите кои ги нуди Владата на Р.Македонија.
Услови за згрижувачкото семејство и погодности кои ги добива згрижувачот
Во последните неколку години во Р.Македонија интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита.
Република Македонија е земја во која историјата на оваа форма на заштита има записи уште од 1961 година.
Согласно податоците во Р.Македонија се регистрирани вкупно 172 згрижувачки семејства во кои се сместени 237 деца без родители и родителска грижа.
Право на сместување во згрижувачко семејство
Согласно со одредбите на Законот за социјална заштита право на сместување во згрижувачко семејство се обезбедува на:
-дете без родители и дете без родителска грижа до оспосубувањето за самостоен живот и работа, а најдоцна до завршувањето на средно образование односно шест месеци по завршување на средното образование ако не постојат можности згрижувањето и воспитувањето да се обезбеди на друг начин.
-дете со воспитно-социјални проблем(злоставувано,занемарено и социјално необезбедено дете) и дете жртва на семејно насилство,
-малолетен сторител на кривично дело или прекршок,
-лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој, лице со длабоки пречки во ментален развој и лице со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и нега и
-старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради
Станбената и семејната положба нема можност да му се обезбеди заштита на друг начин.
Критериуми за избор на згрижувачко семејство
Подобноста на згрижувачите се проценува согласно Правилникот,
Програмата и обуката која задолжително треба да ја поминат.
Процената на згрижувачките се реализира со тимска стручна работа на социјален работник,педагог,психолог и правник врз основа на процена на исполнетоста на законски определените критериуми:
*возраст на згрижувачите
*степен на образование
*здравствена состојба
*материјални услови
*станбени услови
*морална подобност преку
Подготвеност за згрижување, мотивите за згрижување,ставовите по однос на вршење на дејноста
-структура на лчичноста во поглед на личните ставови, способности интереси и емоции
-квалитеторт на партнерските односи во поглед на мегусебна комуникација-
-квалитетот на извршување на родителското право кон сопствените деца
-квалитетот на релациите со поширокото семејство и пошироката работна воспитна и животна средина
-начинот на живеење и активности во слободно време
*видот и времетраењето на згрижувачкото согласно севкупните капацитети на семејството
ВИДОТ И БРОЈОТ НА КОРИСНИЦИ КОИ СЕ СМЕСТУВААТ ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО
Видот и бројот на корисници кои се сместуваат во згрижувачко семејство зависи од индивидуалните потреби на згрижување, условите и можностите за грижа во згрижувачкото семејство.
Во едно згрижувачко семејство можат да бидат згрижени најмногу
-5 деца без родители и родителска грижа
-1дете со воспитно-социјални проблеми(злоставувано,занемарено и социјално необезбедено дете)и дете жртва на семејно насилство
-1 малолетен сторител на кривично дело или прекршок
-2 лица со умерени и тешки пречки во менталниот развој и лице со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и нега
-1 лице со најтешки пречки во менталниот развој
-2 лица со трајна телесна попреченост
-3 стари лица
ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА ОД ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА КРАТОВО Педагог- Анита Крстевска и Психолог -Милка Павловска