Претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура и министрите за образование и за социјална работа се договорија дека првото барање на штрајкувачите за зголемување на платите од 25 % засега е неприфатливо. Но, на сметка на тоа казните од екстерното тестирање се одложуваат и за нивното спроведување ќе се решава во наредниот месец.

Ова, неофицијално, е дел од договорот што бил постигнат вчера вечер, па од денеска наставата во сите основни и средни училишта продолжува. Сите се согласија дека се стопираат досега изречените казни и дела ќе се олеснува педагошката евиденција.
Штрајкот почна на 20 јануари, а штрајкуваат дел од наставниците во основните и средните училишта.