gogo

A+ R A-


Ништо од приватноста, Фејсбук ве следи дури и кога не сте логирани

facebook_experimentoНајпопуларната социјална мрежа Фејсбук повторно воведува нови правила за приватност.

Со измената на правилата, Фејсбук ќе може да ја следи вашата активност на Интернет и откако ќе се одјавите од мрежата. Но не само вас, туку и останатите корисници кои се пријавени на истиот уред.

Тука не е крајот. Фејсбук собраните информации ќе може, пример, да ги проследи до другите свои компании, како Инстаграм.

Од Фејсбук нагласуваат дека ги споделуваат информациите и со ВатсАп.

Овие промени се најавени уште во декември, а на сила стапија на 30. јануари. Во компанијата истакнуваат дека во меѓувреме организирале и седумдневно советување со корисниците со цел евентуално да добијат некои забелешки и предлози.

Од таму додаваат дека се одлучиле на овој чекор со цел да можат да ги персонализираат рекламите и да оневозможат на нивните корисници да им се прикажуваат несакани реклами.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.