gogo

A+ R A-


Општина Кратово распиша награден конкурс за патронот „Св.Ѓорѓи Кратовски“

altОпштина Кратово по повод патрониот празник на Кратово ,,Свети Ѓорѓи Кратовски,, распишува награден конкурс за најдобра литературна и ликовна торба на тема : „Свети Ѓорѓи Кратовски – светилник и закрилник на Кратово“

Литературните творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза.

Ликовните творби можат да бидат изработени во комбинирана техника по слободен избор.

На Конкурсот неможе да учествувааат претходно објавени или издадени дела.

Авторските творби треба да се достават во ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ секој работен ден од 12.00 – 15.00 часот, најкасно до 15.02.2016 година.

Оценувањето и изборот ќе го врши стручна комисија при што авторите на најдобрите творби, одделно во двете области, ќе бидат наградени со парична награда (прва награда – 3.000 денари, втора награда – 2.000 денари, трета награда – 1.000 денари).

Најдобрите ликовни творби ќе бидат изложени, додека најдобрите литературни творби прочитани на програма „Во чест на нашиот закрилник Свети Ѓорѓи Кратовски“ во Дом на култура „Лазар Софијанов“ на 23.02.2016 година од 12.00 часот, кога ќе бидат доделени и наградите.

Покровител на овој награден конкурс е Градоначалникот на општина Кратово, г – дин Мите Андоновски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.