Општина Кратово се претстави на меѓународниот саем за туризам
Општина Кратово беше учесник на Меѓународниот саем за туризам „Скопје травел маркет 2014“ кој се одржа на 10, 11 и 12 април на Скопски саем. Кратово го промовираше своето богато културно – историско наследство и се претстави во најдобро светло, нудејќи богат промотивен материјал и запозанвање со историјата, културата и традицијата на древното Кратово. Оваа понуда беше збогатена и со звуците на кратовските тамбураши и секако дегустацијата на кратовските кулинарски специјалити. Интересот за Кратово како туристичка дестинација која нуди можност за повеќе видови на туризам, се повеќе расте, доказ е и тоа што штандот на општина Кратово беше еден од најпосетените на саемот.
Најново

![]() | Денеска | 420 |
![]() | Вчера | 3231 |
![]() | Оваа недела | 23405 |
![]() | Минатата недела | 23846 |
![]() | Овој месец | 72887 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22568979 |
















