Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, работи на создавање клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовани институции, па и во целото општество. ООУ „Кочо Рацин“ во Кратово денеска беше домаќин на учениците и наставниците од ООУ „7 Марси“ од с.Опае, општина Липково каде се изведуваше активноста насловена како: Мултикултурен саем „Вкусеви кои поврзуваат“.
Преку оваа активност се овозможи запознавање на традиционалната храна карактеристична за двете култури, кај учениците се разви желба за приготвување на традиционална храна, а со тоа се поттикна и комуникација во однос на сличностите и разликите во самото приготвување на храната. Активноста беше спроведена од страна на 20 (дваесет) ученици од двете училишта заедно со своите наставници, односно мешани две групи кои заеднички презентираа по пет рецепти кои се традиционални во исхраната од општината од каде што доаѓаат, а потоа заеднички ги приготвуваат и дегустираат.