gogo

A+ R A-


Отворен фестивалот за етнолошки филмови „Кратово 2013“ ВИДЕО

Денес и во следните два дена, Кратово по вторпат ќе биде домаќин на меѓународниот фестивал на етнолошки документарни филмови. Љубителите на филмот ќе може да уживаат во вкупно 29 филмови, од кои десеттина се од домашни автори.
-Се надеваме дека овој етнолошки фестивал нема да заврши овде, туку дека ќе продолжи и во иднина, ќе прерасне во традиционален и секоја година во ова време ќе се собираме во Кратово или, можеби, во некое друго место за да ги погледаме креациите и творбите не само на македонските етнолози, туку и на антрополози и етнолози од целиот свет. Се заблагодаруваме и на градоначалникот на Кратово кој ни овозможи да ја користиме кино-салата во градот, која што е реновирана и со најсовремени услови за прикажување на вакви филмови. Посетеноста е добра, покрај постарите кратовчани, видовме една млада публика на училишна возраст и се надеваме дека еден ден некој од нив ќе успее да создаде етнолошки филм – истакна д-р Зоранчо Малинов, претседател на Македонското етнолошко друштво.
Фестивалот е влезен во програмата на Министерството за култура, а финансиски е поддржан од Општината Кратово.   Оливер Арсовски

alt


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.