gogo

A+ R A-


Перформансот на „Танец“ ги крена кратовчани на нозе

Фантастичниот перформанс на ансамблот за народни игри и ора „Танец“ синоќа ја крена кратовската публика на нозе. Повеќе од два часа центарот на Кратово пулсираше во ритамот на македонската музика и песна, а за убавото расположение се погрижија членовите на „Танец“, кои годинава одбележаа 65 години од своето постоење.
-Задоволство е на сите членови на „Танец“, секако и на управата на „Танец“ што денес сме во Кратово. Дури ни постарите колеги не се сеќаваат кога „Танец“ воопшто гостувал во Кратово. Ме радува што пред нас настапија нашите помлади колеги од КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово. Убаво е чувството да се настапува пред толку многу публика и се надевам дека ќе имаат убави мигови – истакна Јовица Блажевски, раководител во „Танец“.
Во прекрасниот амбиент пред кратовскиот музеј, лесно можеше да се забележи дека на кратовчани во минатото им недостигале вакви културни случувања. Но, ова лето Кратово дефинитивно ќе биде центар на културните збиднувања. Веќе следниот петок во Кратово ќе започне културната манифестација „Златни денови“, во чии рамки ќе одржат концерти ѕвездите на Икс-фактор, групите Оџила и Љубојна, а во сабота ќе се одржи големиот европски тамбурашки фестивал.  Оливер Арсовски

alt

фото - Гоце Стојановски


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.