gogo

A+ R A-


Песна за 50 години од матура на проф.Дара Ефремовска

Најубавиот наш ден!

50 години од матурата

Мина 2020 лето Господово,

Мина 2021 лето Господово,

а сега чекориме во новото

2022 лето Господово!

Тече животот и деновите,

како водата во реката,

тече. да не потсети

дека мина средношколскиот

и студентскиот живот,

мина нашата младост

но духот да не исчезне!

Зачекоривме во новото лето Господово,

во новата пролет,

во новиот месец мој,

нашиот, убав мај!

Зачекоривме, со надеж

да огрее сонцето,

и да не потсети дека

ќе дојде нашата средба,

да сме живи и здрави!

Со нетрпение, чекам

да биде мигот, за да си подариме

многу насмевки и прегратки!

Конечно дојде мигот,

огреа сонцето да не потсети

дека постоиме, живееме, чекориме

да не потсети дека дојде

денот, нашиот ден!

Со насмевка и растреперено срце,

тргнав и еве тука сум,

тука сме, да запееме 1 песна,

да заиграме 1 оро, да наздравиме

за овој ден, за нашата средба,

за животот, за семејството,

за сите убавини, за сонцето

што не грее, за прегратките

денешни!

Да сме живи и здрави,

уште многу лета, за уште

многу насмевки, прегратки

и убавини!

Благославени да сме!

"Со поздрав ваша Дара"

"Генерација 72"

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.