gogo

A+ R A-


Поддршка за Дито и Стевче за „Најдобар промотор на Македонија“

alt

пишува - Оливер Арсовски

Уште шест дена остануваат до избирањето „Најдобар промотор на Македонија”. Номинирани се вкупно 30 кандидати во три категории, уметност и

наука, туризам, извоз и претприемништво и дипломатија од добра волја.

Кандидати за наградата во категоријата уметност и наука се Стојанче Андонов – Дито, академски сликар и вајар од Кратово, Дуке Бојаџиев, музичар, композитор, Георги Гавровски, магионичар, основач на НМАМ Македонија, Јахја Кемал колеџ тим, група наставници, ментори на ученици кои постигнуваат научни успеси на меѓународните олимпијади, Игор Киров, танчер, балетан и кореограф, Татјана Манева, сликарка и графички уметник, Никола Маџиров, поет, есеист, преведувач, бендот „Мизар“, Градимир Панков...

Во категорија туризам, извоз и претприемништво се номинирани Стевче Доневски, промотор од Кратово, Љупка Арсовска, моден дизајнер, стилист и визажист,  Симеон Моне Златев - проект „Најмал етнолошки музеј на светот”, Љупчо Јузмески - туристички водич, ко-организатор на фолклорниот фестивал “Разиграно Оро”, Гоце Маневски - Интернет промотор, проект „Ја сакам Македонија”, Валентина Тасева, генерален директор на СЕМОС Едукација и Деан Шкартов, уметник, претприемач, промотер на македонскиот рубин.

За „Најдобар промотор на Македонија” може да се гласа до 31 јануари, преку анкета на официјалната веб страница на Фејсбук www.facebook.com/Macedonia.BestPromoterAward

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.