„Лесновските ѕвона“ по деветти пат ѕвонат. Големите бардови на македонската поезија викендов беа во Кратово во чест на големиот мајстор на сонетот, кратовчанецот Чедо Јакимовски. Инспирирани од поезијата на својот прерано починат колега, Ренџов, Чаловски, Ташковски, Клетников и многу други поети му оддадоа почит во родното Кратово.
- Чедо Јакимовски, покрај тоа што е кратовчанец, е извонреден поет, редок талент. Има напишано само три книги, но кои се паметат како антологиски книги. Како времето ќе минува по неговата смрт, така тој ќе исчезнува, а неговата поезија ќе добива во сјај и ќе сјае – истакна поетот Михаил Ренџов.
Во рамки на манифестацијата беше отворена изложба на слики на Живко Поповски – Цветин. Наградата за најдобра дебитантска поетска книга ја доби Сања Атанасовска од Куманово. Организаторот на манифестацијата му додели повелба за особен придонес на градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, за несебичната поддршка на оваа културна манифестација. Оливер Арсовски
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153984392298957.1073741920.155289693956&;type=1