НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум (МОФ) објавуваат повик за вклучување млади активисти, во проектот „Млади промотори на слободата на изразување“.
Повикот е отворен за сите млади луѓе кои преку есеи, мултимедијални содржини (видео, аудио, фотографија и графички дизајн) или кампањи ги промовираат СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ, ЗАШТИТАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА и БОРБАТА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА.
Кандидатите, на возраст од 17 до 25 години, кои сакаат активно да ја поддржат слободата на изразување, а имаат идеи кои не се охрабриле да ги објават, сега можат да се пријават и да креираат содржини кои ќе стигнат до широката јавност.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават за една од трите области:
-
Пишување есеи
-
Продукција на мултимедијални содржини
(индивидуално или тим од најмногу 3 членови)
-
Реализација на локални кампањи (тим од 3 до 5 членови)
Сите апликанти треба да се во можност да посетат две викенд-обуки во периодот, април – мај 2013, и да ги подготват и промовираат производите во периодот, јуни-септември 2013.
Посебните услови и формуларите за пријавување се достапни на страната на НВО Инфоцентарот.
ПРИЈАВУВАЊЕТО ТРАЕ ДО 4 МАРТ 2013 ГОДИНА.
Пријавите треба да се испратат во електронска форма на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или по пошта, на адреса: НВО Инфоцентар (со назнака: Пријава за есеисти/ мултимедијални активисти/ локални кампањи), ул. „Никола Тримпаре“ бр. 18-1/5, 1000 Скопје.
ПОВЕЌЕ ЗА ПРОЕКТОТ:
Избраните кандидати, преку обуки, ќе стекнат познавања од: медиуми и пропаганда, препознавање на говорот на омраза, основните човекови и политички права, граѓански активизам и секако, ќе стекнат повеќе познавања од областа што ја одбрале: пишување есеи, подготовка на радио прилози, видео материјали, фотографија, графички дизајн, основи на односи со јавноста и организирање настани.
Преку заеднички акции, сите продуцирани содржини ќе бидат објавени: есеите ќе се објават во печатени медиуми и на интернет; аудио материјалите ќе се емитуваат на РадиоМОФ, на интернет, а ќе бидат понудени и на заинтересирани локални радио станици; видео материјалите ќе се објавуваат на youtube канал и ќе бидат понудени за сите заинтересирани медиуми; локалните кампањи ќе бидат промовирани, и во медиуми и на интернет.
Проектот е финансиран од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).