gogo

A+ R A-


Презентирани резултатите од истражувањата на Големо Градиште - Коњух

12.00 часот, во просториите на Музејот на град Кратово, беше одржан прес и промоција на резултатите од меѓународниот проект на НУ Археолошки музеј на Македонија, Скопје, за археолошкото истражување на античкиот град на Големо Градиште, кај селото Коњу, со претпоставено име Транупара (од Појтингеровата карта). Раководител на овој проект што трае во континуитет веќе 14 години е професор д-р Каролин Снајвли од колеџот во Гетисбург, Пенсилванија во Соединетите Американски Држави, со првиот соработник магистер Горан Санев од НУ Археолошки музеј на Македонија. Пред присутните се обратија професор д-р Виктор Л. Адамс, директор на Управата за заштита на културно наследство, Весела Честоева директор на НУ Археолошки музеј на Македонија, професор д-р Каролин Снајвли и м-р Горан Санев. Професор Виктор Адамс говореше накусо за историјатот на теренските истражувања на градот кај Коњух низ 20 век, како и за археолошките културни потенцијали на Кратовскиот регион, при што го лоцираше градот кај Коњух како кардинален археолошки фаворит на Кратово и Кратовско кому што во иднина треба да му се посвети поголемо внимание. Д-р Снајвли говореше за историјата на долгогодишните теренски истражувања на локалитетот, за фазите на истражувањата од акрополата, северниот град и јужниот дел од градот, за откривањето на големата градска, несомнено епископска ранохристијанска црква, како и за најновото откритие на четвртата ранохристијанска црква во Градот со што истакна дека се работи за зачаен регионален доцноантички, ранохристијански епископски градски центар на Крива Река. М-р Горан Санев зборуваше за новооформената веб страница на која можат да се најдат сите потребн и информации поврзани со локалитетот, од описите на местоположбата, откриените објекти, целосната стручна и научна литература.
Директорката Весела Честоева говореше за значајот на меѓународниот проект и изрази решеност истиот да продолжи со реализацијата во континуитет и во текот на наредните години.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.