Два летни кампа (Girls Leading Our World – GLOW и Young Men’s Leadership Project -YMLP) ќе бидат организирани летово наменети за ученици од средните училишта од цела Македонија.
GLOW кампот, кој е наменет за девојчињата, оваа година ќе се одржи во Тетово во период од 27-31 јули 2015 г. Во истиот период, во Крушево, момчињата ќе имаат можност да бидат дел од YMLP камп. Двата кампа се мулти – етнички и содржат активности за своите учесници со цел промовирање и унапредување на водечките вештини, здравјето, исхраната, волонтирањето, планирање на кариера, уметнички вештини и многу други.
Пријавувањето за учество е во тек и завршува на 10 мај 2015 г.!
GLOWи YMLP се водени од волонтери на Мировен Корпус, а финансирани од Амбасадата на САД. Секој заинтересиран може да присуствува на презентација која ќе се одржи на 8 мај 2015 година во просториите на „Регионален центар за одржлив развој“ (над пицерија „Кула“) со почеток од 20ч. Дополнителни информации може да се најдат на страните:
http://glowmacedonia.wix.com/glowmacedonia и https://www.facebook.com/YMLPMacedonia