gogo

A+ R A-


Професорите од Кратово се „интегрираа“ со колегите од Липково

Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, професорите од кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“ викендов беа домаќини на колегите од гимназијата „Исмет Јашари“ од општина Липково. Беше убаво да се види дружењето и топлата атмосфера меѓу колегите Македонци и Албанци, кое започна во просториите на училиштето, продолжи со разгледување на Саат-кулата, Радин мост, Музејот, кратовските мостови, а заврши со ручек во хотелот „Кратис“. Во рамките на проектот, планирана е возвратна средба во Липково следниот четврток, а наскоро ќе започне и соработката меѓу учениците од двете средни училишта.
Проектот Меѓуетничка интеграција е на американската агенција УСАИД. Го реализираат повеќе невладини организации во Македонија. Носител на тој проект е Македонскиот центар за граѓанско образование, а како партнери се појавуваат и други невладини организации, но и сите основни и средни училишта во Република Македонија. Започна минатата учебна година, веќе втора година се реализира. Во овој момент во дел од проектните активности течат обуките на тимовите за меѓуетничка интеграција во 50-тина училишта. Исто така во овој момент течат активностите од онаа компонента на забавни спортски игри за учениците, како и други школски активности.  Оливер Арсовски

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.