Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), проект на УСАИД во Македонија, што го спроведува Македонскиот центар за ѓраѓанско образование и Центарот за човекови права и разрешување конфликти, како партнер организација на УСАИД, професорите од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово вчера поминаа низ еднодневна обука.
Обуката беше спроведена од страна на училишни обучувачи кои претходно учествуваа на обуки и други консултативни состаноци за да се стекнат со компетенции за успешно пренесување на содржините за меѓуетничка интеграција на колегите во своето училиште. Присутните беа поделени во пет групи и работеа со три обучувачи: професор Ѓорѓи Цветков, професор Калинка Стефановска и професор Зорица Давитковска.
Наскоро се очекува да започнат конкретни активности со партнерското средно училиште од Липково, каде се изведува настава на албански јазик.
фотогалерија https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152051755359323.1073741830.130555074322&;type=1