
Кратовци вчера требаше да уживаат во кино-проекцијата на филмот „Трето полувреме“, но немаа среќа да го „сефтосаат“ новото кино во Кратово. Поради недоразбирање меѓу организаторот и тимот кој го прожектира филмот низ земјава, на првата филмска проекција ќе почекаме уште некое време. Имено, техничкиот тим од Скопје не знаел дека нема озвучување на салата, а немале и платно за прикажување на филмот.
Организаторот на „Кратовско културно лето“ им ги врати парите на сите оние кои купиле билети и им се извинува за пропустот.
















