распишува:
КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА
НА ТЕМА: СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ - СВЕТИЛНИК И ЗАШТИТНИК НА КРАТОВО
Општина Кратово по повод патрониот празник на Кратово "Свети Ѓорѓи Кратовски" и големиот јубилеј - 500 години од упокојувањето на Свети Ѓорѓи Кратовски, распишува награден конурс за најдобра литературна творба на тема : "Свети Ѓорѓи Кратовски - светилник и заштитник на Кратово".
Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза.
Творбите да се достават до Комисијата составена од професори по македонски јазик во СОУ "Митко Пенџуклиски" од Кратово, најкасно до 18.02.2015 год.
Авторите на најдобрите три творби ќе бидат наградени со парична награда (прва награда - 3000 денари, втора награда 2000 денари и трета награда - 1000 денари).
Наградените творби ќе бидат прочитани на свечената програма "Во чест на нашиот закрилник свети Ѓорѓи Кратовски" во Музејот на град Кратово на 23.02.2015 година.
Покровител на наградниот конкурс е Градоначалникот на општина Кратово, г-дин Мите Андоновски.