Општина Кратово започнувајќи од 09 до 13 Јуни 2023 година, ќе ги реализира традиционалните "Денови на култура" во чии рамки ќе се организира:
9 Јуни (петок) - Изложба "ФОТОГРАФИЈАТА ГО ИМА ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР" на БОБАН СТЕФАНОВСКИ во галерија на Музеј на град Кратово со почеток од 19:00 ч.
10 Јуни (сабота) - ПРЕМИЕРА на македонскиот филм „ПРЕЕКСПОНИРАНО“ Мултимедијален центар - Кино сала со почеток од 20:00 ч.
11 Јуни (недела) - Централен настан на манифестацијата Меѓународен фолклорен фестивал „РАЗИГРАНО КРАТОВО“ кој ќе започне во 16:30 ч. со дефиле во центарот на градот, 17:30 ч. културно уметничка програма пред Плато на Дом на култура „Лазар Софијанов“.
Учесници:
КУД „Ефрем Каранов“ - Кратово (4 групи)
КУД „Ристо Донев Учителот“ - Штип
КУЗ „Карпош“ - Крива Паланка
КУД „Григор Прличев“ - Скопје
Ф.А. Етно Ѕуница - општина Петровец - Скопје
КУД „Диша Џурџевич“ Вреоци - Лазаревац - Р.Србија
Ќе се приготвуваат мекици - теганици под сач за сите присутни гости.
12 Јуни (понеделник) - Семинар за традиционална музика и игра ШОПЦИ/КОТОРЦИ во Мултимедијален центар - Кино сала со почеток од 19:00 часот.
13 Јуни (вторник) - Целовечерен концерт на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни ТАНЕЦ во Мултимедијален центар - Кино сала со почеток од 20:00 часот.
Деновите на културата во општина Кратово ќе се реализираат под покровителство на градоначалникот Тодорче Николовски, Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово и Министерство за култура.