gogo

A+ R A-


Репортажа за Куклица и Кратово во најтиражниот чешки весник

пишува - Оливер Арсовски

Реномираниот чешки весник „Млада Фронта днес“ деновиве објави прекрасна репортажа во која на најдобар начин ги презентира туристичките потенцијали на Кратово, Кокино, со акцент на Долината на куклите во село Куклица.

- Таков редок природен геолошки споменик не можете да видите кај нас, се опишуваат камените фигури, високи над 10 метри, за кои научниците сметаат дека се создадени пред 10 милиони години.

Се споменува и легендата која ја раскажуваат мештаните дека куклите се всушност „сватови" кои се скаменти поради клетвата на една девојка чиј љубен се оженил со друга.

Претставувајќи го и Кратово како интересна туристичка локација, текстот завршува со отворена покана за сите оние кои сакаат да патуваат, тврдејќи дека „Македонија е вистинска, ветена земја„ за нив.

http://cestovani.idnes.cz/makedonske-kokino-podle-nasa-svetova-senzace-hned-po-stonehenge-pwx-/igsvet.aspx?c=A120214_120912_igsvet_tomalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.