gogo

A+ R A-


РЕТРО Натка Воденичарска - хуманата кратовка која спасува животи

ВЕЧЕР, 20 септември 1975.   Домаќинката од Кратово, Натка Воденичарска, е една од најпознатите жителки на Кратово. Воденичарска досега 15-тина пати беше дарител на крв, но вели дека е почетничка во однос на луѓето кои многу почесто ја дарувале драгоцената течност.

-Не сум никаква рекордерка, но секогаш кога ми се укажала прилика, сум дарувала крв. Од човечкиот живот нема ништо повредно. Секогаш сум сакала да помогнам кога помошта немало од каде да дојде. Помагањето на моите сограѓани го сметам за обврска на секој граѓанин кој му мисли добро на своето општество - вели Натка.

Натка е мајка на три деца. Неодамна таа доби златна значка и пофалница од Црвениот Крст.
-Љубовта на човек кон човек за мене претставува нешто што треба да биде дел од секојдневието. Секогаш им зборувам на помладите што значи таа капка крв за некого кому му е неопходна за да преживее - заврши Воденичарска.    Спасе Георгиевски

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.