gogo

A+ R A-


РЕТРО Шлеговци произвеле 30 тони тутун

Од денеска, порталот „Аберџија“ ќе биде збогатен со нова, многу интересна рубрика наречена РЕТРО. Имено, ќе реобјавуваме статии за Кратово и околните села кои во минатото, почнувајќи од 70-тите години на минатиот век, биле објавувани во дневните весници во Југославија и Македонија. Зад нив стои пензионираниот новинар Спасе Георгиевски. Денешната статија е објавена на 23 јули 1975 година, а се однесува на производството на тутун во кратовската општина.

alt ВЕЧЕР 23 јули 1975. Од пред неколку дена и на подрачјето на општина Кратово започна бербата на тутун. Први бербата ја започнаа тутунопроизведителите од селото на тутунарите, Шлегово. Токму 55-60 посто од вкупното производство на тутун птипаѓа на земјоделците од Шлегово. Јашко Насевски, реонскиот инструктор за тутун, истакна дека во Шлегово се очекува берба на 25 до 30 тони тутун, и тоа исклучиво од сортата „џебел“. Сепак, очигледно е дека производството на тутун последниве неколку години постојано опаѓа, најмногу поради преориентацијата на тутунарите кон подоходовни култури.  Спасе Георгиевски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.