Околу 200 Роми од Кратово, припадници на муслиманската вероисповед, имаат тројна причина да бидат задоволни. Првата е што Исламската верска заедница им го испрати оџата Мухамед Мемедов од Кочани за да ги изведува Рамазанските верски обреди, втората што успеаја да изнајмат простор во кој ќе се молат, во недостиг на џамија во градот. И третата причина за радост е што градоначалникот Мите Андоновски и Општината материјално им помогнале да го средат верскиот објект во муслиманските гробишта. Со општински средства се купиле плочки, цемент, тули, бојлер и други работи потребни за погребните церемонии.
Повеќе детаљи има во ВИДЕОТО
&;feature=youtu.be
Коментари
+1 Емран 2013-07-26 00:52 #2
-5 Sramota 2013-07-18 00:15 #1
RSS feed for comments to this post