gogo

A+ R A-


„Саем на младински успеси!“ - утре во хотел „Кратис“

http://www.aysp.ca/wp-content/uploads/2011/05/Young_Adults_Jumping_Small.jpgУтре во 19.30 часот, во хотел „Кратис“ – Кратово ќе се одржи јавниот настан „Саем на младински успеси“, со цел промовирање на иницијативата за формирање на младински совет во општина Кратово.
Настанот „Саем на младински успеси“ е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики”, финансиран од страна на Европска Унија (ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Една од 12те општини во кој овој проект се спроведува е и општина Кратово

Целта на овој настан е да го промовира младинското здружување на локално ниво и потребата од нивно заедничко дејствување
за остварување на своите интереси, како и јавно искажување на желбите и потребите на младите во градот. На настанот, кој ќе трае два часа, ќе учествуваат претставници од младинските организации во Кратово, кои на забавен начин ќе презентираат успешни младински приказни, а потоа преку креативна работилница ќе бидат вклучени сите посетители со цел искажување на потребите и желбите на младите, за кои треба да се залага идниот младински совет во општина Кратово.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.