gogo

A+ R A-


Се ближи празникот Св.Ѓорѓи, кратовци се подготвуваат

http://www.sitel.com.mk/sites/default/files/styles/large/public/statija/teaser-images/2013/february/102578589.jpgОпштина Кратово во слава и чест на патронот и заштитник на градот Кратово Св.Ѓорѓи Кратовски на ден 24.02.2014 година(понеделник),  Ве поканува на прослава на патронен празник кога градот Кратово и Македонската православна црква, ќе му оддадат достојна почит преку организирање на патронска средба со голема сенародна и духовна радост.Чествувањето ќе започне во 8.30 часот со света Архирејска литургија на која ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-Осоговски г.д-р Јосиф во црковниот храм посветен на Св.Ѓорѓи Кратовски , по што во 10.15 часот ќе следува прекршување на патронскиот колач,водокрст и делење на осветена вода.На градскиот плоштад од 9.30 часот ќе се одвива богата културно-уметничка програма.

Исто така, културно-историските споменици на градот и институциите ќе бидат отворени за посета овој ден.

Оваа година Православната црква бележи 499 години од славната маченичка смрт на нашиот новомаченик Св.Ѓорѓи Кратовски кој како 18-годишно момче во 1515 година храбро ја посведочил и прославил својата силна верба и љубов кон Христа, оставајќи ни еден светол пример славен нашироко во Православната Екумена.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.