Младински образовен форум вчера успешно го организираше настанот ,,Проактивни млади – подобро општество“, спроведен во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Музичко-драмскиот хепенинг се случуваше во Мултимедијалниот центар (Градско кино) во Кратово. Еднодневниот настан „Проактивни млади – подобро општество“ имаше за цел:
• Иницирање на потребата и можностите од вклучување на младите во носењето на одлуки на локално ниво, кои директно се однесуваат на младите во Кратово
• Подобрување, односно интензивирање на комуникацијата меѓу младите и јавните институции во насока на остварување на правата на младите • Покренување на дебата за проблемите на младите во Кратово
• Простор за слободно изразување на младите во Кратово
Во таа насока, настанот содржеше: јавна трибина на тема „Проблемите на младите во градот, нивна исклученост во носење одлуки на локално ниво и ниското ниво на комуникација со јавните институции“, две кратки театарски претстави чија режија и игра е од учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, како и настап на неколку локални музички бендови. Јавниот настан „Проактивни млади – подобро општество“ е иницијатива на група млади луѓе кои учествуваа во Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Овие млади луѓе се натпреваруваа со своите врсници од 12 градови за можноста да се организира иницијатива за подобрување на нивната заедница како и да се обезбедат можности за учество на младите.