Симона Спасовска
Завршувањето на средното образование кај нас, како и во најголем број земји во светот, се совпаѓа со полнолетството, а претставува и пресвртница во животот на младиот човек.Затоа е потребно средното образование да заврши со полагање матура како еден вид потврда за способнота на ученикот за самостојно продолжување на личниот и професионален живот.Матурата е само крај на нашите средношколски денови но и еден нов почеток,нови идеи,нов избор за она што нас не очекува понатаму.
Мартина Ристовска
Матурата е крај на еден почеток. Средношколските денови се најубави денови. Тука стекнуваме знаења, искуства кои ќе ни помогнат во животот.
Бојана Тимова
Матурата е процес кој е многу значаен за нашиот живот. Таа е еден долг пат кој на крај не прави едни нови зрели личности, на кои што ни завршува безгрижноста и влегуваме во светот на возрасните и во светот на грижите. Средношколските денови се најубави денови во животот на еден човек. Тука освен новите знаења, вештини и искуства, се запознаваме со нови пријатели и со нивните животи. Заедно ги поминуваме и лошите и добрите моменти меѓусебно. Тука овие денови не соочуваат со многу препреки кои што не учат да бидеме издржливи и да се стремиме да успееме.
Александар Тасков
Матура е процес на созревање на личноста. Со завршувањето на матура се определува кон нови предизвици во животот. Премин од еден безгрижен свет во свет со поголеми обврски и задолженија.
Ивана Петковска
Средношколските денови се најубавите и безгрижни денови исполнети со многу дружба и забава.Матурата е многу значаен дел во образовниот процес во многу земји во светот.Исто така со овој процес не сметаат за возрасни луѓе.После неа ние се наоѓаме на важен крстопат во нашиот живот каде што треба да го избереме она што најмногу го сакаме.Матурата не претставува крај туку почеток на нови животни цели и идеи.
Катерина Филиповска
Матурата е завршувањето на едни прекрасни четири години. Едни најубави години на секој човек.Овој период претставува симбол на мали шали,лудории. Со овој процес не сметаат за повозрасни позрели личности. Таа е крај на еден нов почеток, на нови искуства.Завршната четврта година не претставува крај, туку нови предизвици. Таа вечер секој ја доживува како посебна во својот живот. Во иднина не стекнуваат нови знаења, искажување свои мислења,идеи, запознавање нови пријателства.