Сојузот на борци во Кратово продолжува со активности со кои ја реализира годишната програма. Професорот по историја и претседател на боречката организација, Миле Марковски, пред поголем број гости и ученици од двете училишта во Кратово, одржа историски час за Карпошовото востание и значењето на АВНОЈ за македонската држава. Часот предизвика голем интерес кај гостите. 

















