gogo

A+ R A-


Средношколци од Кратово се закитија со сребро и брозна на гастрономски натпревар

Троjца ученици од С.О.У. „Митко Пенџуклиски" -Кратово учествуваа на Меѓународниот гастрономски фестивал "Cook & Serve" 2018 кој се одржа на 18.05.2018 во Центарот за доживотно учење на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип на планината Плачковица. Од таму се вратија со две награди. Учениците се натпреваруваа во категоријата торти на тема пролет и во трка на келнери. Ученичката Бојана Коцевска се закити со бронзен медал со својата торта „Будење", а ученикот Дарко Атанасовски со сребрен медал за својата креација „Рурална пролет". Нивни ментор е професорот Младен Мицевски.alt
 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.