gogo

A+ R A-


Топол културен бран во Кратово: „Парче душа“ во четврток пред Музејот

„Парче душа“

сценски приказ на македонска љубовна и родољубна поезија

11.08.2016 год. Плато пред Дом на култура и Музеј на град Кратово (Кино Сала),  почеток : 20.00 часот

http://www.opstinakratovo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/11/LOGO_Kratovo_Municipality.svg_-1.png„Парче душа“ неброено пати се изведува ширум Македонија. Насекаде наидува на душевен одзив, нескриена наклонетост и искрена човечка возбуда често доведена до по некоја солза. И мир и спокојство во душата.

„Парче душа“ е убаво поминат час со слики, луѓе и настани од нашиот, македонски живот... Тука ќе ги „видите“ комитите и Марко Крале, Тешкото, Охрид и Дојран, Гоце, Пере, Даме... чешмите и пиперките, Св. Спиридон и ангелот на Св. Софија, нашите мајки и сестри,  убавите жени македонски, реките, полињата и шумите македонски... http://images.tirekovmirece.com/images/TOPOL_KULTUREN_BRAN-17062014130753.jpgЌе ја доживеете МАКЕДОНИЈА. Вашата Македонија! Онаква  каква што сте ја запомиле и која ја посакувате.
НАСТАПУВААТ: Љупчо Тодоровски - Упа со музичка придружба на Тимко Чичаковски нa канон.
Настанот е дел од манифестацијата „Топол културен бран 2016“ поддржан од Министерството за култура.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.