gogo

A+ R A-


УЈП спроведе обука на кратовските средношколци за плаќањето даноци

altПреку проектот „Фискална едукација на младите“ на УЈП, средношколците од Кратово имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Проектот се спроведува во рамките на образовниот систем како најповикан и најсоодветен сегмент на општеството за едукација и воспитување на младите.

Проектот „Фискална едукација на младите” ги има следните цели:
- Подигнување на даночната култура
- Зголемување на свеста и знаењето на младите
- Подобрување на даночната навика кај граѓаните
- Стекнување на основно знаење на младите за даночниот систем на РМ
- Стекнување на стручно знаење на учениците од средните економски училишта
- Усовршување на стручното знаење на студентите
Спроведувањето на обуките започна во Ноември 2010 година, по добиената согласност од Министерството за образование и наука - Биро за развој на образованието.
Практичнoто искуство покажува дека во средните училишта забележан е напредок во смисла на зголемен интерес на учениците за содржината на темите кои се обработуваат во едукативната програма.
Општ впечаток на обучувачите и наставниот кадар е дека учениците имаат потреба од ваков вид знаење, постои интерес кај младите и дека проектот треба да продолжи и во наредните години.
Развојот на еден ваков Проект е континуиран процес и затоа повратните информации и иницијативи, кои претставуваат непроценлив извор на информации и идеи за подобрување на квалитетот на едукација на младите, се секогаш добредојдени.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.