gogo

A+ R A-


Уште една песна напишана од раката на проф. Дара Ефремовска

Дојде 2021 лето Господово

дојде мај, сабота -29ти,

короната можеби

уште трае,

нашата средба

пак не се одржа!

Се подготвив за новата средба

и стигнав на закажаното место,

се радував за нашата

средба,

и ги очекував моите

школски другари и другарки,

за да се потсетиме

на нашите школски

денови!

Си ветивме,

секој мај,

последната сабота

наша средба!

Стоев во чаршијата

и гледав ваму-таму,

возбудена бев,

сега е друго лето Господово.

Со желба да се сретнеме,

со верба дека пак

ќе бидеме заедно,

Чекав, одев, гледав,

дали некој ќе дојде!

Но, останав јас сама,

не дојдоа моите другари

и другарки!

Со солзи во очите

тргнав кон домот свој,

со надеж, дека ќе дојде

новото 2022 лето

Господово

и со силна верба

за следниот мај,

за да го прославиме

нашиот јубилеј

50 год. од матурата!

Нека ги поживее бог

сите мои другари и другарки

за да се прегрнеме

во новото лето Господово,

да ја запееме нашата

песна,

и да го испиеме

нашето кафе!

автор - проф. Дара Ефремовска
alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.