gogo

A+ R A-


Утре се отвара огранок во Кратово на „Македонско-Бугарско пријателство“

Македонско Бугарско ПријателствоЗаради подобра комуникација и големиот интерес, „Македонско – Бугарско Пријателство“ отвара свој огранок и во Кратово, покрај неколку други градови во кои постоојат ограноци.

По тој повод на 19.03.2016 год. (сабота) сите граѓани, членови и симпатизери може да присуствуваат на отварањето и да бидат гости на настанот.

Канцелариите на здружението ќе бидат отворени за секаква информација поврзана со проекти, акции и слично. Традиционално здружението организира културни манифестации, гостувања на фолклорни ансамбли, чествувања за национални празници, учество во редица семинари и работилници и низа други проекти и одбележувања.

Локација на настанот:

 19 март 2016 год. Сабота, во 17.00 часот

ул. Питу Гули  бр. 9, Кратово (во центарот на градот, спроти Гурман)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.