Ансамблот на народни игри и песни на Македонија Н.У. ТАНЕЦ кој претставува симбол на македонската култура и уметност веќе шест децении, по повод 65 години од своето постоење ќе гостува во Кратово.
На 13 јуни (петок) Ансамлот ќе одржи целовечерен концерт пред платото на Дом на култура „Лазар Софијанов“ со почеток од 20.45 часот. Петнаесеттина минути порано ќе настапат членовите на КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово.